Техеран немаше да одговори на нападот на Израел врз иранскиот конзулат во Сирија доколку Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) го осуди чинот на агресија и ги изведе сторителите пред лицето на правдата, соопшти денеска постојаната мисија на Иран во ОН.
„Ако Советот за безбедност на ОН го осудеше чинот на агресија на ционистичкиот режим врз нашите дипломатски простории во Дамаск и ги изведе напаѓачите пред лицето на правдата, императивот на Иран да го казни овој одметнички режим можеби ќе беше избегнат“, се вели во соопштението на мисијата на социјалната мрежа Х. .
Претходно денеска медиумите ги пренесоа изјавите на американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, дека Вашингтон очекува ирански напад врз Израел.
Израел е во состојба на висока готовност за потенцијален директен напад од Иран, кој би можел да ги таргетира јужните или северните региони во следните 24 до 48 часа.
Зголемените тензии во регионот се видливи по обвинувањата на Техеран против Израел во врска со воздушниот напад врз дипломатска зграда во Дамаск, Сирија, на 2 април.
Овој инцидент доведе и до атентат на највисоките ирански воени функционери, вклучително и висок функционер на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.