Полицаец во САД застрелал тинејџер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тинејџер во Охајо, САД, наводно држел играчка пиштол и упорно велел дека е „лажен“ откако полицаец го застрелал во рака. Камерата на полицаецот го снимила целиот настан, а видеото е објавено.

Полицаецот во Акрон, Рајан Вестлејк, одговорил на повикот за помош од станар кој на 1 април пријавил дека видел маж со вперен пиштол,

Снимката објавена во понеделникот од камерата на полицаецот покажува како тој пристигнува на местото на настанот со неговото неозначено полициско возило.

– Може ли бргу да ти ги видам рацете – се слушна како полицаецот го прашува Тавијон Кунс-Вилијамс кој држи очигледно огнено оружје и го крева над главата како одговор на барањето на полицаецот.

Помалку од 3 секунди откако побарал да му ги види рацете на тинејџерот, пукнал пиштолот на полицаецот.

Се чини дека полицаецот бил изненаден од истрелот на огненото оружје, викајќи „Ох, срање“.

Тогаш 15-годишникот почнал да вреска дека пиштолот што го држел е лажен бидејќи крвта почнала да тече од неговиот зглоб.

Полицаецот Вестлејк (33) почнал да му става лисици на момчето, преку раната, кога пристигнале другите полицајци.

– Тоа е лажен пиштол, ветувам – се слушна како момчето вели пак.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа е мојата рака. Те молам, полицаецу, јас сум добро дете. Добивам оценки А на училиште. Играм фудбал. Само сакав да бидам сигурен. Мојот братучед штотуку почина – се слушна како момчето објаснува дека штотуку дошло од погребот на својот братучед.

На снимката потоа се гледа како полицаецот е одведен, додека на момчето му била укажана помош за повредата која не е опасна по живот.

Share This Article