Возило на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) било погодено од боева муниција додека возачот чекал да влезе во северниот дел на Газа, соопштија од одделот на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка на платформата X.
„Возилото на УНИЦЕФ кое вчера чекаше да влезе во северниот дел на Газа беше погодено од боева муниција. Прашањето за инцидентот е покренато кај релевантните израелски власти. „За жал, хуманитарните работници продолжуваат да се соочуваат со ризици кога доставуваат помош за спасување живот“, се вели во објавата.
Тензиите на Блискиот Исток ескалираа на 7 октомври, кога палестинските милитанти на Хамас ја нападнаа израелската територија од Појасот Газа и убија и киднапираа голем број луѓе.
Израелската армија возврати со воздушни и ракетни напади на Појасот Газа, како и целосна блокада на таа палестинска енклава, потсетува Тас.