Уапсен маж во Мадрид по порака која ја згрози Европа: Имал пушка, муниција и панцир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Soccer Football - LaLiga - Real Madrid v Girona - Santiago Bernabeu, Madrid, Spain - February 10, 2024 General view inside the stadium before the match REUTERS/Isabel Infantes/File Photo

Таканаречената терористичка група Исламската држава испрати закана пред натпреварите од Лигата на шампионите.

Во пресрет на осминафиналето од Лигата на шампионите пристигна страшна порака која ја крена цела Европа на нозе. Откако минатиот месец извршија напад во Москва, каде имаше повеќе од 140 лица, терористичката група т.н. Исламска држава повторно се закани.

Тие објавија плакат на кој се прикажани стадионите на кои се одржуваат четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите со пораката што ја смрзнува крвта: „Убијте ги сите“.

Во Мадрид ништо не препуштија на случајноста, ангажираа дополнителни 3.000 војници за се да помине во најдобар ред, а само еден ден по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3:3) беше извршено големо апсење.

Имено, полицијата уапсила маж кај кого пронашла автоматска пушка, муниција, пиштол и заштитни елеци. Се вели дека станува збор за човек кој се бара во Белгија поради вмешаност во случаи на убиства, грабежи и киднапирања.

Шпанската престолнина била само негова попатна станица во Франција, поточно градот Нант, а локалната полиција тврди дека тој е поврзан со организиран криминал, па неговата поврзаност со тероризмот, барем засега, се исклучени, пишува Мундо Депортиво.

Share This Article