Македонката Љупка Вртева ја доби престижната титула инженер на годината во Словенија. Вртева е развоен инженер за областа на греење, вентилација и ладење на згради и проект менаџер на соларната централа во Петрол. Признанието го доби на вечерашната свеченост во Цанкарјев дом во Љубљана.
По завршувањето на средното образование во Македонија, Љупка Вртева дошла во Словенија, каде што ги завршила додипломските и магистерските студии на Машинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Во 2019 година ја завршила и меѓународната програма за обука Европски енергетски менаџер – EUREM на Институтот „Јожеф Стефан“.
Вртева разви уникатна компјутерска програма во областа на механичката вентилација на зградата, а сега се занимава со дизајнирање на нови, поефикасни енергетски системи. Како развојен инженер во областа на греење, вентилација и ладење на згради и проект менаџер за соларна централа, сега е вработена во словенечката компанија Петрол.
– Бидете храбри и кренете ја главата. Сите се способни. Секој може да го направи тоа. Секој има крилја, само треба да летаат! – порача порача Вртева во поздравниот говор.
Десет жени инженери беа номинирани за наградата инженер на годината за 2023 во изборот што во Словенија се организира по шети пат. Успешната Македонка победи во конкуренција на Анка Илч, шеф на лабораторијата во Структум, Јелена Васиљевиќ, инженер за истражување и развој во Филц, Кристина Батистич, консултант за сајбер безбедност во НИЛ, Леја Прежељ, стручен соработник за безбедност и квалитет на храната во производството на свежи производи во компанијата Љубљанске млекарне, Нина Крмац, шеф на ИТ координативната група во А1 Словенија, Нина Зајферт, хонорарен развојен инженер за иновации во Искра, Петра Осојник, раководител на валидации во асептичката единица во фармацевтската компанија Лек, Саша Страдовник, инженер за роботика и автоматизација во Прорис и асистент и истражувач на Универзитетот во Марибор и Симона Кек, научник за податоци во Outbrain.
Изборот кој е создаден на иницијатива на Сименс Словенија годинава се одржа шеста година по ред. Од минатата година, по словенечкиот пример, жена инженер на годината се бира и во Хрватска и во Србија.