Академијата за судии и јавни обвинители го прекршила Изборниот законик

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик се основани, приговорот поднесен Гордана Силјановска – Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, се усвојува – едногласно, со 5 гласа „за“, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по приговорот доставен од Силјановска – Давкова, кој се однесува за кршење на изборните правила од страна на Академијата за судии и јавни обвинители.

Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.

Силјановска – Давкова на седницата на ДКСК рече дека е убедена оти Академијата за судии и јавни обвинители ги крши законите што ги навела. Според неа со објавувањето на огласот и со спроведувањето на постапката, како што додаде, се влијае врз изборниот процес.

– Јас, исто така, ќе ги информирам за ова, ОБСЕ ОДИХР, ИФЕС, како и донаторите на Академијата. Зошто се одлучив среде изборен процес да се обратам со приговор до ДКСК? Зашто добив допис дека политичар во кампањата оди и вели дека „ако сакате да бидете судии или јавни обвинители“, тогаш значи оди и ветува, дека „ќе бидете примени на Академијата и еден ден и заради тоа ќе станете и судии или јавни обвинители“. Значи, веќе во Академијата, во конституирањето на органите, во работата на органите, кога има вклучено луѓе кои се политичари и членови на партии, тоа фрла определена сенка, бидејќи тие можат да именуваат свои претставбици и во вашите органи, па и во приемната комисија. На тоа решение остро реагирав и во Парламентот, меѓутоа дописот ми покажува дека навистина продолжува опасноста од политизација и партизација и затоа се обратив – рече Силјановска – Давкова.

Според приговорот на Силјановска – Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, засновала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

„Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“ – пишува во приговорот на Силјановска – Давкова.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер – Дамјановска на седницата нагласи дека се незадоволни од одлуката и оти правдата ќе ја бараат пред Управен суд, а како што рече, најголеми губитници во овој случај се кандидатите.

- Advertisement -
Ad image

Таа подвлече дека во прашање е сериозен јавен интерес, што ќе има долгорочни последици врз капацитетот на работењето на судовите и обвинителствата.

– Значи воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае – подвлече Габер – Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно, кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

Државниот советник со овластување да ја застапува Академијата за судии и јавни обвинител, Сања Пандилов рече дека веруваат во институциите на системот, истакнувајќи оти во Академијата се почитуваат законите.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article