Српската пејачка Сека Алексиќ ноќта меѓу саботата и неделата за време на нејзинипот настап во Цирих била приведена од швајцарската полиција и поминала осум часа во притвор.
Пејачката за Блиц.рс, раскажа зошто била приведена и како дошло до инцидентот.
Според нејзината изјава, полицијата дошла на нејзиниот настап во една дискотека во Цирих за да ги провери работните дозволи, но утврдила дека работните дозволи не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот биле приведени да дадат изјави во полиција.
– Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. Поминавме осум часа во полиција, а откако дадовме изјави, полицијата го казни сопственикот на дискотеката за мене и за целиот бенд – изјави Сека Алексиќ за Блиц.рс.