More

    Дополнителната министерка ги штити насилниците во јавните институции, обвинуваат од Министерството за труд и социјала

    spot_img

    Од Министерството за труд и социјална политика реагираат по вчерашната одлука на Владата донесена на предлог на дополнителната министерка Јованка Тренчевска, да се поништи решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев, претходно обвинет за недозволена трговија со дрога.

    „Вчера доцна попладне, на предлог на дополнителната министерка Јованка Тренчевска, Владата донела нелогична, противзаконска и крајно неморална одлука.

    Замислете, поништено е решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш. Директорот Александар Филев беше разрешен на 04.04.2024 заради поднесена една кривична пријава и 3 прекршочни пријави по различни членови од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога.

    Заради тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за  негово разрешување.

    Ја прашуваме, јавно, дополнителната министерка Јована Тренчевска дали е свесна за штетата која ја прави на Центарот за Социјални работи Радовиш и на Министерствотo кое во дел од својата работа е да заштити жртви токму од вакви дејствија како што ги направил кадарот кој таа го поставила.

    На што сѐ сте подготвени за да ги заштите вашите кадри?“ – стои во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img