More

    Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

    spot_img

    Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

    Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

    Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.

    Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

    Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

    По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“.

     

     

     

    – Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме: во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, сме задолжени со давање на садакатулфитр, за што Мухамед алејхи селам рекол дека со давање на садакатулфитр го прочистуваме нашиот пост. Исто така, со давањето на Фитр ги зајакнуваме институциите кои се одговорни за исламските учења и кои помагаат на луѓето кои имаат потреба од помош – вели Фетаи во честитката.
    На овој радосен и среќен ден на Фитр Бајрам, посочува поглаварот Фетаи, со чисти срца се обраќаме кон Семоќниот Алах за да ни даде сила на иманот, да ни даде храброст за опростување и помирување, да ни даде насмевка со другите, да ги отвориме патиштата на надежта за иднината, да бидеме цврсти во нашето патување да негуваме уште посветла сегашност и иднина, со која ќе ги правиме среќни и сиромашните, сираците, луѓето кои имаат проблеми, така да, денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарение на Возвишениот Алах.

    – Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан. Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност. Браќа и сестри! Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан. Нека вие е честит Фитр Бајрам, се истакнува во честитката на поглаварот на ИВЗ Фетаи.

    Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img