More

    Ми ја уништивте куќата, ископавте сè, револтирано обвинува Светлана

    spot_img

    Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан и покојниот Далибор Драгијевиќ, осомничени дека заедно со нивниот татко Раде учествувале во убиството на малата Данка, односно во криењето на нејзиното тело, се пожалила на новинарката на Информер дека полицијата и ја уништила куќата и го ископала дворот за време на претресот.

    – Денеска бев на гробишта, подготвив сѐ за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив сандак и цвеќиња и сѐ што е потребно… Во хаос сум, пак ќе дојде брза помош – се пожалила таа на репортерката на Информер, Весна Јовиќ.

    Светлана конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека ѝ ја „уништиле куќата“.

    – Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот – изјавила Светлана.

    Инаку, таа немаше што да додаде за семејството на убиената Данка Илиќ, освен дека нема врска со тоа, а тоа семејство не го познавала од порано.

    – Не ги познавам и немам ништо со тоа, полицијата беше таму, инспекторите разговараа со мене и земаа сѐ што им требаше – изјави Светлана.

    На крајот додала дека сѐ уште не верува дека нејзиниот сопруг и децата учествувале во злосторството.

    – Не знам ништо за сопругот, кој е во притвор, но сигурно му е тешко што му почина синот. Не знам ништо за убиството на Данка, не е можно во тоа да се вмешани моите синови – се правдала Светлана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img