Две жени побарале лекарска помош откако вдишале чад по пожарот што избувна во Универзалната сала во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Две жени побарале лекарска помош откако вдишале чад по пожарот што избувна во Универзалната сала во Скопје. Тие живееле во некоја од соседните згради на којашто пукнале прозорци, по што внатре влегол чад. Жените со Брза помош биле пренесени на скопската Клиника за токсикологија.

Од Центарот за управување со кризи велат дека „на бројот 112 во ЦУК немало повик за Итна медицинска помош заради пожарот на Универзална. Но, ако директно некој вртел од таму на 194 (тој број си функционира уште), немаме податок…“.
Пожарот сега е локализиран.

Универзалната сала во Скопје почна да се реконструира пред еден месец, а металната конструкција која изгоре во пожарот беше поставена пред 10 дена. Таа требаше да ја носи новата купола на објектот и беше најавено дека ќе свети ноќе.

Share This Article