More

    Со максимални напори ќе го браниме овој град, порача Зеленски

    spot_img

    Украина „ги максимизира напорите да ги спречи руските планови против Харков“, рече нејзиниот претседател Володимир Зеленски додека украинската војска ја зајакна заштитата на вториот по големина град во земјата, за кој се верува дека е цел на следната руска офанзива.

    „Работиме со нашите партнери на зајакнување на воздушната одбрана“, рече Зеленски во своето секојдневно видеообраќање во понеделникот вечерта.

    Претходно, Зеленски се состана со раководството на армијата во Киев за да се договорат мерките за заштита на Харков, североисточниот град кој беше под постојан оган од руските воздушни напади во изминатиот период.

    „Главна тема беше Харков, одбраната на тој град од руските напади и можноста за зајакнување на нашата воздушна одбрана и електронското оружје“ во регионот, напиша украинскиот претседател на апликацијата Телеграм.

    Украинската војска верува дека Харков би можел да биде цел на следната голема руска офанзива.

    Во последниот период Зеленски неколку пати повтори дека Русите планираат офанзива во периодот мај-јуни.

    Русите досега оваа година неколкупати силно го нападнаа Харков, со дронови и со ракети, а цел беше и енергетската мрежа на градот.

    Харков е град во источна Украина. Тој беше цел и на првата голема операција со која започна војната во февруари 2022 година кога руските сили од три страни навлегоа на украинска територија.

    Во меѓувреме руската артилерија уништи група саботери кои меѓусебно комуницирале на англиски јазик во правец на Купјанск, изјави за РИА Новости воениот експерт во пензија, Андреј Марочко. Тој е потполковник на Луганската Народна Републикаа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img