Светскиот топмодел Адријана Лима не се појавила во јавноста три месеци, а пред неколку дена, поточно на 3 април, се појави во Лос Анџелес со својот свршеник Андре Лемер, со кого го доби синот Сајан. На новите папарацо фотографии, бразилската манекенка нема ни трошка шминка, а нејзината нова фигура е неверојатна. Модната ѕвезда го роди синот Сајан во август 2022 година, по што реши постепено да слабее, а резултатите се неверојатни!
Кога ја сретнале папараците, Адријана Лима била облечена сосема лежерно, во наједноставниот модел на фармерки, класична бела маица и познатата рокерка, односно кратка кожена јакна, која е одлично решение за овој преоден период. Во раката носела поелегантен блејзер.
Без грам шминка на лицето, Адријана Лима изгледала фантастично, природно убава. Таа во последните година ипол често беше мета на критики, поради наводно ботоксираното лице, но и поради вишокот килограми. Некои велеа дека таа видно се променила по третото породување, за што и самата зборуваше во интервјуто за „Вог“.
Лемер и е инаку и партнер во тренирањето, па папараците ги виделе пред теретаната во Лос Анџелес каде што тренираат.
Лима видно ослабе. Бразилската манекенка не брзаше да ослабе по породувањето, што го прават многу познати мајки, најчесто поради притисокот да изгледаат подобро (што е можно поскоро). Таа го следеше ритамот на своето тело, а познато е дека е голем љубител на спортот, па вежбањето секако не и паѓа тешко.
Да потсетиме, Адријана Лима покрај синот Сајан ги има ќерките Валентина и Сиена со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ со кој официјално беше во брак од 2009 до 2016 година.