Бракот на Анџелина и Бред се распадна во септември 2016 година, а главно како точка која ја прелила чашата се наведува инцидентот којшто се случил во авионот.
Тогаш актерот наводно бил насилен кон сопругата, за што Анџелина имала и докази во вид на модринки, а тој ја полевал и со вино и ја навредувал.
Меѓутоа, Анџелина тврди дека физичкото насилство во семејството почнало многу порано, а покажала и документација во која имал увод „Page Six“.
Во четвртокот правниот тим на актерката изнел нови тврдења за да докаже дека Пит одбил да ѝ дозволи на Џоли да го продаде својот дел од винаријата „Chateau Miraval“ во Франција, доколку таа не потпише договор за доверливост.
„Додека историјата на Пит за физичко злоставување над Џоли започнала многу пред семејното патување во авионот од Франција за Лос Анџелес во септември 2016 година, овој лет бил и моментот кога физичкото малтретирање првпат било насочено и кон децата. Џоли тогаш веднаш го напуштила“, се наведува во документите.
Судејќи по оваа документација, актерот сакал таа да се обврзе со договор на молчење откако во 2021 година открил дека поднела затворени документи кои се состоеле од мејлови, сведочења на семејството и други докази за да се ослободи од спорот околу старателството над децата.
Во тоа време, актерот се согласил да ги купи акциите на Џоли во француската винарија, но наводно се откажал затоа што се плашел дека затворената документација на неговата поранешна сопруга би можела да стане јавна.
– Господин Пит одбил да го купи делот на госпоѓа Џоли кога таа одбила да го потпише договорот за доверливост – вели нејзиниот адвокат Пол Марфи за „Page Six“.
Новите документи откриваат дека Џоли никогаш не го тужела својот поранешен сопруг затоа што верувала дека е најдобро тој да прифати одговорноста и да му помогне на семејството да закрепне од стресот којшто го предизвикал.