Неколку илјади Украинци учествуваа во денешниот собир во Киев, со цел да покажат единство поради наводната закана од руска инвазија.
Демонстрантите организираа протестен марш низ центарот на Киев и извикуваа „Слава на Украина“, а носеа и транспаренти на кои пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им порача на граѓаните да останат смирени и да покажат единство.
Претходно Зеленски изјави дека американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците. Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“.
– И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат – посочи Зеленски.