More

    Швајцарското население лани бележи најголем раст во последните 60 години

    spot_img

    Швајцарската популација минатата година се зголемило со најбрзо темпо во последните 60 години, поттикнато од рекордната имиграција, вклучително и доселувањето на илјадници луѓе од воено разурната Украина, покажуваат прелиминарните податоци на Федералната канцеларија за статистика, објавени во четвртокот.

    Бројот на постојани жители во Швајцарија се зголемил за 145.400 на повеќе од 8,96 милиони до крајот на 2023 година, што претставува зголемување од 1,6%. Без Украинците зголемувањето би било само еден процент. Тоа значи дека растот на населението е поголем отколку од почетокот на 1960-тите, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

    Портпаролот на Федералната канцеларија за статистика, рече дека последен пат стапката на раст била повисока во 1963 година.

    -Во 2022 година, населението пораснало за 0,9%. Нето имиграцијата во Швајцарија лани се зголемила повеќе од двојно, на 142.300 жители, што е највисок раст што е забележан досега. Од нив, 52.000 се Украинци кои не биле вклучени како постојани жители до 2023 година – рече портпаролот.

    Речиси 264.000 луѓе имигрирале, а 121.600 заминале, покажуваат податоците. Речиси 63.000 Украинци побегнале во Швајцарија по руската инвазија во 2022 година. Скоро 27% од швајцарското население, или 2.416 милиони луѓе, се странци, според заводот за статистика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img