Иако на 26 март почина иконата на новиот бран на музика од осумдесетите во Југославија, Слаѓана Милошевиќ, нејзините посмртни останки се уште не се погребани.
Последните информации за погребот на починатата уметница се дека таа чека одобрение за дозвола на Александар Шапиќ, вршител на должноста градоначалник на Белград, за да почива во „Алејата на заслужните граѓани“ на улица Нови гробишта во Белград.
Иако првично се зборуваше дека Слаѓана може да биде погребана до нејзиниот татко на гробиштата Лешче и дека нејзиното збогување ќе се одржи во тајност, од погребалното претпријатие за Курир.рс потврдиле дека телото сѐ уште е кај нив во капелата.
Јелена Тинска, долгогодишна пријателка на починатата музичарка истакнала дека таа го поднела барањето за погребот во споменатата Алеја.
– Сѐ уште ништо не се знае. И нејзиниот бра сака таа да биде погребана во „Алејата на заслужните граѓани“, но се чека одобрение. Немаме дополнителни информации, не ни знам што се случува – изјави поранешната балерина и актерка.
Еден ден во капелата за одржување на посмртните останки чини 53 евра.