На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата. Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.