Телата на двајца мажи од Србија во вторникот се пронајдени во областа на планината Триглав, која е дел од Јулиските Алпи во Словенија, при систематска проверка на теренот од страна на полициски хеликоптери, соопшти словенечката полиција, пренесува порталот СТА.
Според досега собраните информации, станува збор за планинари на возраст од 33 и од 42 години. Тие во саботата утрината тргнале на планинарење, но откако достигнале висина од околу 1.600 метри, паднале и од тешките повреди починале на лице место.
Во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија. Потрагата по двајцата планинари започнала во саботата, но траела многу време бидејќи екипите морале да пребаруваат голема површина бидејќи не знаеле каде отишле планинарите.
Полицијата соопшти дека ја продолжува истрагата.