More

    Најмалку 29 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Истанбул, има 9 приведени

    spot_img

    Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот што избувна вчера во 16-катница во квартот Бешикташ во Истанбул. Според турските медиуми, најмалку 29 лица загинале во пожарот, а едно лице е тешко повредено, јавија турските медиуми.

    Во експлозијата се запалиле градежни материјали во двата подземни ката на зградата. Во приземјето е ноќниот клуб „Маскарада“ каде што вчера работници вршеа звучна изолација и заварување.

    – Некои од градежните материјали беа влакнести и се запалија како факели – изјави претставник на противпожарната служба. Според него, на објектот му недостига противпожарна опрема.

    Дополнителна причина за трагедијата е и тоа што просторијата има само една влезна врата, без излез за итни случаи. Повеќето од луѓето внатре починале од задушување. Во моментот на инцидентот во зградата имало околу 60-70 луѓе.

    Во писменото соопштение од општината Бешикташ се наведува дека ноќниот клуб не побарал дозвола за реновирање, како што налага прописот. Исто така, се забележува дека објектот има лиценца од 1987 година, која е обновена во 2018 година поради промена на сопственоста.

    Приведени се девет лица од управата на ноќниот клуб и неколку работници. Тројца од приведените имаат криминални досиеја.

    Претставници на дипломатските претставништва на Германија, САД, Велика Британија и Делегацијата на ЕУ во Истанбул изразиле сочувство за жртвите од пожарот.

    Продолжува обемната истрага за случајот. Во спасувачката акција за отстранување на заглавените во блокот учествуваа полициски екипи, пожарникари, медицински спасувачки екипи и возила на брзата помош.

     

     

    https:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img