Данка можеби е пренесена по маршрута за мигранти

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Експерти споделија подетални информации како функционира продажбата на деца. По објавувањето на видео од Виена на кое се гледа девојче кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ, се појави сомнеж дека Данка е киднапирана за продажба според однапред разработен план, а киднаперите ја извлекле од Србија низ утврдена маршрута, објави српскиот портал Курир.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле, Србија, додека на семејниот имот била со мајка си Ивана и со 3-годишниот брат. Србин во Виена снимил видео на кое се гледа девојче кое наликува на Данка во друштво на две жени за кои постои сомнеж дека се од Романија.

Трговијата со деца е бизнис што цвета во последните години

Полицијата ги проверува сите информации и траги, а експертите објаснуваат како изгледа целата организација на трговија со деца.

Поранешниот началник на белградската полиција и член на Светската асоцијација на полициски началници Марко Ницовиќ вели дека има неколку решенија кога станува збор за киднапирање и продажба на дете.

– Постојат неколку опции детето да биде изнесено надвор од државата. Изнесувањето се одвива според однапред договорен план, со помош на претходно обезбедени лажни документи на детето и со веќе развиени шеми кои се користат кога мигрантите ја минуваат границата – вели Ницовиќ.

Маршрутите, низ кои поминуваат мигрантите, се докажани шеми со кои тие ја минуваат границата, а не е исклучено девојчето да е спроведено со оваа шема, објаснува поранешниот началник.

– Имаат свои луѓе кои им помагаат и детално го планираат секој чекор пред да ја напуштат државата – додава Марко.

Експертот вели дека веројатно повеќемина се вмешани во сето тоа.

– Логистиката е клучна. Не треба да ја исклучуваме можноста киндаперите да имале лажен пасош на детето, дали со лажна слика од девојче, кое личи на исчезнатата Данка, или со веќе однапред направен пасош со фотографија на Данка, понатамошната истрага ќе одреди – рече Ницовиќ и додаде дека во овој момент родителите се клучни за пронаоѓањето на детето.

- Advertisement -
Ad image

И безбедносниот експерт Ратомир Антоновиќ објасни дека е можно детето да е илегално изнесено од Србија.

– Постојат два начина за преминување на границата, легален и нелегален, а мојата претпоставка во однос на ова девојче е дека тоа илегално ја напуштило Србија. Имено, 99% сум сигурен дека станува збор за добро организирано киднапирање  – вели експертот.

Според него, ако детето од објавеното видео е Данка и ако е во Виена, станува збор за многу добра организација во извлекувањето на детето од државата.

- Advertisement -
Ad image

– Несомнено станува збор за криминална група која тргува со деца. За жал, тој бизнис е многу профитабилен и цвета во последните неколку години – додава Антоновиќ.

Едно дете може да се продаде и за неверојатни 1 милион евра

Ратомир Антоновиќ вели дека целата логистика и организација на купопродажба на дете може да достигне неверојатни милион евра.

– Мора да се подготви целокупната логистика, а во организацијата на превозот на детето учествуваат неколку лица. Цените затоа се многу високи – вели безбедносниот експерт.

Инаку, пред само неколку дена на трибината „Трговија со луѓе и опасност на интернет“, која се одржа по повод Меѓународниот ден за укинувањето на ропството, беа изнесени застрашувачки податоци.

– Според неофицијални информации, децата од Србија и од Русија се најскапи на пазарот и нивната цена се движи до 120.000 евра. Незаконското посвојување е една од формите на трговија со луѓе. Според последните податоци на Центарот за заштита на жртви на трговија со луѓе, бројот на жртви лани во нашата земја (Србија) бил 76, од кои 71 биле од српска националност – изјави менаџерката за обука на Фондот Унитас Александра Урошевиќ.

Патем, според српскиот закон, трговијата со луѓе е тешко кривично дело казниво со затворска казна.

– Доколку се докаже дека Данка Илиќ била жртва на трговија со луѓе, казната за оние кои учествувале во ова кривично дело би била од 5 до 20 години затвор – објаснува изворот.

Share This Article