Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море, а ракетата падна во водите надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Ракетата е истрелана во североисточен правец од западниот брег на Северна Кореја во 6:52 часот по локално време и прелета повеќе од 650 километри на максимална височина од околу 100 километри, пренесува агенцијата Кјодо.

Нема извештаи за штета на авиони или бродови.

Јапонската влада протестираше до Северна Кореја, изјави премиерот Фумио Кишида, додавајќи дека лансирањето на балистички ракети од страна на земјата е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

„Ова е прашање што се однесува не само на безбедноста на нашата земја, туку и на безбедноста на регионот и меѓународната заедница. Тоа е апсолутно неприфатливо“, рече Кишида.

Тој посочи дека Јапонија ќе соработува со САД и Јужна Кореја за да се обезбеди безбедност во регионот.

Во соопштението, американската Индо-пацифичка команда ја повика Северна Кореја „да се воздржи од понатамошни незаконски и дестабилизирачки акти“, додавајќи дека обврските на САД за одбраната на Јужна Кореја и Јапонија „остануваат цврсти“.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг истрелал нешто што изгледа како балистичка ракета со среден дострел во Јапонското Море.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол изјави дека Северна Кореја се обидува да го раздрма јужнокорејското општество пред општите избори со продолжување на ракетните и другите воени провокации, пренесува Јонхап.

- Advertisement -
Ad image

Тоа беше прво лансирање на балистичка ракета на Северна Кореја од 18 март, а најновиот ракетен тест дојде откако Сеул во четвртокот соопшти дека Пјонгјанг се подготвува да лансира втор воен сателит.

Пјонгјанг во ноември објави дека успешно го лансирал својот прв шпионски сателит.

Share This Article