More

    Бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година е зголемен за 1,5%

    spot_img

    Бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година е зголемен за 1,5%, објави Државниот завод за статистика.

    Според статистичките податоци на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на периодот јануари – февруари 2023 година бележи зголемување од 2%.

    По сектори, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5,8 %, во секторот „преработувачка индустрија“ има пораст од 1,2 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 0,7 %.

    Секторот „поправка и инсталирање на машини и опрема“ подолг период е носител на растот на бројот на работници. Во овој сектор во февруари бројот на работници се зголемил за 52,6%. Висок раст на бројот на работници од 16,4% има и во  секторот „производство на моторни возила, приколки и полуприколки“, како и во секторот  „вадење на јаглен и лигни3 каде што бројот на работници се зголемил за 12,1%.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај „енергија“ за 4,4 %, „капитални производи“ за 14,7 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 6 %, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,8 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 3,4 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img