Петнаесетгодишно девојче паднало од 12 кат на солитер во Нов Белград и починало на самото место, јави српскиот портал Блиц.
Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
Девојчето учела во училиштето „20 Октомври“ во Нови Белград. Трагичната вест за Блиц ја потврдил и директорот на училиштето, додавајќи дека девојчлето било одлична и примерна ученичка и добра другарка.
По наредба на Обвинителството, телото е предадено на обдукција.
Истрагата е во тек.