Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ќе биде опериран денеска од хернија што ја откриле лекарите при рутинска проверка, соопштија од неговиот кабинет.
Операцијата ќе се одржи по состанокот на неговиот воен кабинет вечерва, се прецизира во соопштението.
За време на операцијата, Нетанјаху ќе биде под целосна анестезија. Тој потоа ќе се опоравува и за тоа време накратко ќе се откаже од функцијата премиер на Израел.
– Во овој период, заменик премиерот и министер за правда Јарив Левин ќе ја извршува премиерската функција – информира Кабинетот.
Лани му бил вграден пејсмејкер на Нетанјаху.