More

    Србинот, кој го сними видеото во Виена и на кое се гледа девојче кое личи на исчезната Данка Илиќ од српскиот град Бор, вели дека детето викало и бегало

    spot_img

    Србинот, кој го сними видеото во Виена и на кое се гледа девојче кое личи на исчезната Данка Илиќ од српскиот град Бор, вели дека детето викало и бегало, јави српскиот Блиц.

    Српската полиција, ноќта меѓу саботата и неделата околу 3 часот по полноќ, добила е-пошта од Виена во која српски државјанин наведува дека видел девојче кое наводно наликува на исчезнатата Данка.

    Неколку српски медиуми ја објавија е-поштата што ја добила полицијата заедно со видеото.

    „Околу 20.00 часот излегов од метро станицата и видов дете како бега и вика. Прво гледав, па почнав да снимам. Имаше две жени со детето кои разговараа на романски. Го викаа детето по некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не се одзиваше“, пишува во е-поштата.

    Според извор близок до истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција.

    Виенската полиција покренала истрага за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, објави Клајн Цајтунг, а пренесе српски Блиц во друга статија.

    Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих проговори за видеото од центарот на градот на кое наводно се гледа исчезнатата Данка Илиќ.

    – Сведокот даде изјава и беше обезбедено видео кое сам го направил. Човекот дознал за случајот преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали станува збор за исчезнато девојче, се предмет на истрага – изјави Дитрих.

    Во меѓувреме, меѓународната полициска организација Интерпол распиша жолта потерница поради исчезнување на двегодишното девојче од Србија Данка Илиќ.

    На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по висечката брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.

    Освен тоа, се вели дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, со кафена коса и кафени очи.

    Жолта потерница се издава во случај на потрага по исчезнати лица или со цел да се идентификува лице кое не може да се легитимира.

    Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а денеска е шести ден од потрагата по неа.

    Во меѓувреме, Амбасадата на Србија во Виена апелираше до своите граѓани кои живеат таму, во случај да ја видат малата Данка веднаш да ја известат српската или австриската полиција. Повикот следува откако Србин кој живее во Виена објави видео со девојче кое наликува на исчезнатата Данка, а полицијата работи на нејзина идентификација и пронаоѓање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img