Српскиот 27-годишен јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, се огласи по написите во медиумите дека е обземен со страста за коцкање и дека западнал во големи долгови поради овој порок.
Тој објасни за што станува збор во најновото видео на неговиот канал на Јутјуб и ги воодушеви своите обожаватели со емотивната приказна која има пресврт.
Неговото видео со наслов „Изгубив сѐ поради коцкањето“ има речиси 600.000 прегледи за нешто помалку од 24 часа.
– Искрено, се срамам што го снимам ова видео, но немам избор. Бев многу глупав и потрошив многу пари, направив голема глупост. Немаше да го снимам видеово ако имав друг избор, но ова е единствениот начин да се извлечам од ситуацијата во која се наоѓам. Како што знаете, јас многу се коцкам во последно време и тоа се претвори во малку посериозна приказна – изгубив 200.000 евра. Направив мала пауза за да земам оддишка, но не можам да го извадам тоа од глава – рече јутјуберот.
Продолжив да се коцкам со уште 500.000 евра и изгубив сѐ, додаде тој.
– Овој пат ми требате. Отидов кај луѓе кои даваат пари на камата и зедов голема сума. Ги потрошив сите пари и бев принуден да го продадам автомобилот. Вратив 270.000 евра и ми останаа уште 450.000 евра долгови. Вие сте ми неопходни во овој момент. Направив голема глупост, другарите престанаа да се дружат со мене затоа што не сакаа проблеми. Ања ме остави – додаде Бака Прасе.
Но, потоа се случи пресврт, а јутјуберот објасни дека приказната не е сосем таква. Бака Прасе рече дека дал десетици илјади евра на луѓе на кои им е најпотребна помош, на децата и на ранливите семејства.
Прво, тој ѝ донирал пари на малата Анѓелина која има здравствени проблеми од самото раѓање. По нејзиното семејство, тој ги посетил и другите за кои сметал дека имаат најголема потреба од помош.
– Точно е дека потрошив 200.000 евра, но за жал на сите кои ме мразат, тоа не е доволно за да пропаднам. Не ги изгубив сите пари, не продавам автомобили, не се тепав со моите пријатели и не раскинав со Ања. Освен што сакав да го привлечам вниманието, сакав да видам и како ќе реагираат луѓето – кој ќе се радува на мојата несреќа, а кој ќе сака да ми помогне – објасни Бака Прасе.
Бројни следбеници го пофалија за неговата хуманост.
„Со ова покажа каква личност си и дека имаш големо срце“, „Тој им помогна на многу луѓе, а сите велеа дека е лош човек“, „Браво, секоја чест за твојата несебичност“, „Секој збор е излишен, секоја чест“, гласат дел од коментарите под видеото.