More

    Хрватската пејачка ги маѓепса скопјани

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ синоќа настапи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а на Инстаграм се пофали со модното издание што го избрала за оваа пригода.

    За концертот во Македонија, Северина немала голема видео продукција, танчари, ни специјални ефекти. Сепак, сето тоа го надополнила со модно издание достојно за холивудските ѕвезди.

    Пејачката се појавила во тесен корсет кој бил речиси целосно проѕирен. Долниот дел од фустанот бил украсен со светки и со циркони, во комбинација со сребрени отворени сандали.

    Изгледот го комплетирала со предимензиониран прстен во форма на ѕвезда и уште еден малку посуптилен прстен на другата рака, како и со сребрени обетки.

    „Пред концертот во Скопје… немав никаква претстава каква магија ме чека…“, напиша пејачката во описот на фотографиите од аутфитот.

    Впечатливиот фустан корсет го дизајнирала хрватската дизајнерка Матија Вуица.

    „Ова ни е трет концерт во арената ‘Борис Трајковски’ и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчари, но не ни требаа, одработив сѐ наместо нив. Немавме ни голема видео продукција“, изјавила пејачката по настапот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img