На кајакарската патека на диви води на Матка се одржа обука за спасување на брзи води и поплави која е дел од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион во организација на Канцеларијата на УНДП во соработка со грчката амбасада, а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија.
Самиот проект од аспект на Министерството за внатрешни работи има двослоен ефект, прво заради неспорната корист од стручно оспособување на полициските службеници од САЕ „Тигар“ за постапување во такви специфични кризни околности, а второ заради бенефитот во делот на спасување на човечки животи кој има хумана и благородна димензија.
„Благодарност до организаторите за конкретната поддршка и помош изразена во осмислувањето и реализацијата на овој проект, преку кој припадниците на МВР ќе се стекнат со квалитетни знаења и вештини како адекватно да одговорат во превенцијата и спасувањето на животи и материјални добра“, соопшти МВР.
Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа: