More

    На списокот за отстрел се уште две „големи ѕверки“ во Киев

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на Службата за безбедност и на Главната разузнавачка управа на Украина ќе бидат елиминирани со ракетни напади, авиони или специјални сили на руските вооружени сили, објави Правда.ру пренесувајќи ги изјавите на западни воени експерти за Army times.

    Според нивните изјави, донесена е одлука за елиминирање на голем број воено-политички лидери на Украина со прецизни, беспилотни средства или акции на специјалните сили на руската армија.

    Воени експерти сметаат дека ваквата пресуда е донесена откако во истрагата за терористичкиот напад на концертната сала во Москва била идентификувана „украинска трага“, пишува Правда.

    „Рускиот претседател Владимир Путин ја донесе одлуката по опширниот извештај за резултатите од испрашувањето на терористите, истрагата за вмешаноста на началниците, како и информациите од Турција, Белорусија и анализата на податоците од страна на руските разузнавачки служби“ – соопштува рускиот портал.

    Медиумот потсетува дека претходно шефот на Службата за безбедност на Украина, Василиј Маљук, и шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, јавно говореа за успесите на украинските акции и најавија дека „Украина ќе врши саботажа и подлабоко на руска територија.

    „Украина го нападна мостот на Крим и рафинеријата за нафта, лансира проектили и беспилотни летала кон руските градови – и ќе го направи тоа повторно и ќе го засили“.

    „Украина ги уби воениот командант Татарски и заменикот Киву на руска територија, се обиде да го крене во воздух писателот и политичар Прилепин, ги договори убиствата на шефот на Министерството за внатрешни работи на ЛНР и обвинителот на ЛНР итн.

    „Украина ќе врши саботажа „подлабоко и подлабоко“ на руска територија“ – се дел од изјавите на Маљук и Будaнов што ги пренесува Правда.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img