Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ во севреното предградие на Москва се искачи на 360, меѓу нив 11 се деца, соопшти денеска медицинската служба.
„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“ – се наведува во соопштението што го пренесе ТАСС.
Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, додека 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.
Џихадистичката организација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус Сити Хол“ во Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.
Во нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале да пребегаат во Украина според тврдењата на руските власти.