More

    Азески е задоволен од економската програма на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Стопанската комора денеска побара од економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и од лидерот на партијата Христијан Мицкоски да ја стави економијата како приоритет во дејствувањето на владата.

    Претседателот на стопанската комора Бранко Азески по средбата со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ рече дека главно она што го слушнале се совпаѓа со барањата на бизнисот, но рече дека овој пат нема да дозволат да бидат излажани од програмите на политичките партии кои се подготвуваат за секои избори и најави мерки кои ќе ги презема ако политичарите незаконски се однесуваат.

    – Нашиот став е дека економијата мора да биде приоритет на земјата во следните 10 години. Ние мора да сфатиме дека во наредниот период ако не изградиме општ консензус за правна држава, за почитување на правните механизми, борба против корупцијата, за давање приоритет на економијата, нема да се постигне раст во економијата, бидејќи овие постулати се значајни за тоа – рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

    Азески посочи дека бизнисот бара одговор на прашањето за почетната точка на промените и дали ова нема да биде повторување на желботеките на политичарите пред избори.

    – Ние како бизнис-заедница сакаме да видиме промени во балансот и комуникацијата. Секое чекање, кај нас чини пари и затоа од каде да почнеме со промените. Сите сме согласни дека тоа е образованието. Почетна точка е колку можеме да потрошиме сега. Бизнисот бара предвидливост и тоа треба да биде основа во комуникацијата – рече Азески.

    Азески додаде дека во претходните циклуси биле излажани од политичарите, но овој пат нема да го дозволат тоа.

    – Нашите чекори ќе бидат јасни. Секое излегување од договореното ќе потсетуваме. Потоа ќе бараме претседателот да ги потпишува законите еден месец по донесувањето, а не првиот ден. Ќе ги информираме САД за сите чекори кои владата ќе ги презема во незаконска насока. Ќе бараме фискалниот совет да работи како што треба и ќе повикаме меѓународните финансиски институции да преземат мерки. Ние можеме да го преселиме капиталот во секој момент, но сакаме да го правиме тоа за државата. Оваа држава мора да тргне во насоката која ја избравме за да не се срамиме самите себеси – рече Азески

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека политиката и бизнисот мора да имаат редовна комуникација и затоа ВМРО-ДПМНЕ сака да слушне од бизнисот кои се предизвиците кои треба да се решат.
    Тој потенцираше дека изборната програма ќе биде програма на владата во следниот период.

    – Она што го кажаа бизнисмените ќе влезе во програмата на владата. Важно е да ги определиме главните насоки и да нема отстапувања од договореното – рече Мицкоски.

    Тој посочи дека при подготовката на програмата ВМРО-ДПМНЕ била внимателна.

    – Ние сакаме да дадеме надеж на вистински темели за да нема големи разочарувања кои придонесуваат за иселување на младите. Цениме дека како идна влада со одлучна борба против корупцијата, внимателен пристап кон економијата, кон образованието … ќе го оствариме она што го предвидовме – Македонија да има динамичен раст со кој ќе ја вратиме довербата на граѓаните, и ако може зошто да не да вратиме дел од оние кои заминаа -рече Мицкоски.

    Мицкоски најави дека се планира рамен данок од 10% да се намалува постепено на 8%, јасна политика на парафискалните давачки, регулаторната гилотина, ниски царински давачки, дека ќе има постојана борба со сивата економија.

    – Не може редовните даночни плаќачи да го полнат буџетот, а други да не го прават тоа. мора да важи законот на целата територија на државата. Да нема привилегирани компании. Ќе направиме анализа каде се применува фискализацијата во земјава, а каде не. Нема да има во иднина бесцарински и безданочни зони. ако некој мисли дека ќе ги има се лаже – рече Мицкоски.

    Тој додаде дека прво што ќе се направи ќе се направи анализа на Управата за јавни приходи по која ќе се реши во која насока ќе се преземат активности.

    Мицкоски истакна дека не се размислува за намалување на даночната стапка на ДДВ.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе се бара да се види со каков имот располага секој граѓанин, почнувајќи од него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img