More

    Постојат три најважни минерали за функцијата на тироидната жлезда, а тоа се намирниците кои ги содржат

    spot_img

    Цинкот, селенот и јод се важни за оптимална функција на тироидната жлезда. Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони.

    Јодот е неопходен и незаменлив за функцијата на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите.

    Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е клучен за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3.

    Луѓето кои имаат недостаток на селен во телото може да почувствуваат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници.

    Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, цели зрна и морските плодови.

    Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен. Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк.

    Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во клетките каде што тироидните хормони ја вршат својата активност.

    Храна богата со цинк се: семки од тиква месо, морска храна. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img