Во Санкт Петербург итно се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“, откако било пријавено дека е подметнат експлозив.
Руските медиуми пренесуваат дека маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај. Тој набрзо е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.
Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви.