Пожар избувна во концертната сала „Крокус сити“ во близина на Москва, каде што попладнево беше извршен напад со огнено оружје и беа убиени околу 40 лица.
Според извештаите, лица во маскирни униформи, од кои најмалку тројца, влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје.
Медиумите јавуваат дека во зградата избувнал пожар.
Исто така, на социјалните мрежи се вртат видеа од големата трагедија, а на едно од нив се гледа дел од Москва каде гори нападнатата зграда.
Во описот на видеото се наведува дека покривот на салата „Крокус сити“ наводно е пред уривање.