Шефот на Индо-тихоокенската команда на воените сили на САД, Џон Акилинo изјави дека еволуцијата на односите меѓу Пекинг и Москва „во значајна мерка“ укажува на тоа дека сегашната ситуација станува „најопасна“ од сите што ги набљудувал во своите 40 години служба.
Toj укажа и на тоа дека Кина гради таква воена моќ со големина досега невидена уште од Втората светска војна.
– Соработката на тие две авторитарни држави ќе не стави во сосема нова позиција во однос на безбедноста. Ми се чини дека тоа е нивен начин на борба против ширењето на влијанието на алијансите на САД и партнерите со нашите сојузници кои го делат нашето мислење во регинот. На тој начин тие ни се спротивставуваат – изјави Џон Акилино на состанокот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.
А со оглед на раширената соработка со Северна Кореа и Иран, кои се вклучени во снабдувањето на Русија со оружје за војната во Украина, „тоа треба да го загрижи целиот свет“, предупреди Акилино.
Претставници на Пентагон многупати досега правеа разлика меѓу Кина и Русија, со тоа што растечкиот воен потенцијал на Пекинг беше именуван како предизвик, а Русија и нејзините дејствија како закана.
Но односите меѓу Кина, Русија, Северна Кореа и Иран, Акилино ги окарактеризира како совпаѓачки и како „оска на зло“ во раѓање.
– Ние треба да реагираме на соодветен начин – изјави шефот на Индо-тихоокенската команда на воените сили на САД.
Помошникот министер за одбрана задолжена за безбедноста во Индо-тихоокенскиот регион, Ели Ратнер, имаше слично мислење. Според неа, настаните во Европа и Индо-тихоокеанскиот регион сѐ повеќе стануваат поврзани.
– Многу важно е да се истакне дека подршката за Украина ќе помогне во зацврстување на задржувањето во Индо-тихоокеанскиот регон. Тоа ќе покаже дека насилства слични на овие имаат своја цена и последици и дека слободниот свет ќе се обедини – рече Ратнер.
Акилино истакна и дека Кина гради таква воена моќ со размери досега невидени од Втората светска војна и дека до 2027 година ќе биде спремна да изврши инвазија на Тајван.
фото: МИА