More

    Просекот го подигнаа платите во јавната управа, одбраната и комуналните дејности

    spot_img

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари  годинава  изнесува 39.542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 %, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

    Реалниот раст на нето-платата, според истиот извор е од 12,9%.

    Зголемување на нето-платата  во однос на ланскиот јануари  се должи, пред сѐ,  на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 %), „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“ од 19,2% и во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство од 19,1%.

    Според статистика споредбата на платите во јануари со декември лани  покажува дека просечната нето- плата за еден месец се намалила за 1,1%, а реалната нето-плата се намалила за о,8 %

    Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „градежништво“ за 10,9%, преработувачка индустрија за 4,9% и во „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 3,8%.

    Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59.392 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img