More

    Милановиќ вели дека Пленковиќ е кукавица

    spot_img

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска од Пула изјави дека нема толку фотографии со српски политичари како неговиот ривал, премиерот Алекандар Пленковиќ, но дека треба да се соработува со Србите, пишува хрватски Индекс.

    Милановиќ ја изненади хрватската јавност со својата одлука дека од фунцијата на претседател ќе се кандидира за премиерското столче. Уставниот суд во земјата писмено го предупреди Милановиќ дека неговата одлука е спорна.

    Според Милановиќ, Пленковиќ е кукавица и се плаши да се натпреварува со него во првата изборна единица.

    – Гледам дека Пленковиќ кон мене буцка со пилешки бут, почна кошкањето… Прво ме стави во контакт со Додик, а тој не ми е најдобар пријател – рече Милановиќ и додаде:

    – Крчмарот (Пленковиќ) се занимава со политика на високо ниво и кажува какви врски имам низ светот.

    Милановиќ вели дека партијата ХДЗ на Пленковиќ мора да замине во историјата на Хрватска. Тој исто така најави дека никогаш повеќе нема да биде во коалиција со други партии, а дека ќе формира коалиција за таканаречена Трета Република, односно Влада на спасот.

    – ХДЗ мора да си замине. Кој не гледа проблем во тоа како Хрватска доби државен обвинител, јас сум изненаден. Или не разбира или има интереси и се согласува на какво било понижување – рече Милановиќ и додаде:

    – Начинот на кој (Иван, главен државен обвинител на Хрватска) Турудиќ стана главен државен обвинител, а не котлар на параброд е страшен. Треба ресетирање, нешто ново. Сите што мислат така се мои луѓе. Можам да ветам дека ќе бидам како што бев премиер, остар, но сочувствителен. Сега морам понекогаш да бидам груб бидејќи количината на гнев се акумулираше многу.

    Претходно Андреј Пленковиќ изјави дека Милановиќ сигурно нема да биде идниот премиер на Хрватска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img