Остранети се знамињата на Албанија и на УЧК од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово.
„Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.
Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.