More

    Кобна пита со праз однесе еден живот во Скопје – Била затруена со пестициди!

    spot_img

    Смртоносна пита со праз. Трагично заврши животот на 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита.

    Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.

    Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.

    Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

    Случајот бил пријавен пред неколку дена во полиција и објавен е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.

    Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img