Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.К.(58), У.К.(45) и С.Х.(41), сите од село Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
„На 9.2.2024, првопријавениот и второпријавениот биле поттикнати од третопријавениот лажно да пријават кривично дело тешка кражба во нивната куќа, со цел да се обвини друго лице како сторител заради лична нетрпеливост“, извести полицијата.