More

    Административна грешка – ова е одговорот од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Катица Јанева

    spot_img

    Административна грешка – ова е одговорот од Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Катица Јанева, на црната листа на САД, пренесе Телма.

    Нејзиното име се најде на црната листа под сомнеж за корупција, а освен нејзиниот син адвокатот Лазар Јанев, на истата таа листа се најде и името на нејзиниот починат сопруг Венци Јанев.

    Од Амбасадата на САД ја признаваат грешката и велат дека имаат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив– според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.

    „Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од Амбасадата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img