More

    Европската централна банка ги чека јунските резултати од борбата со инфлацијата

    spot_img

    Податоците од јуни ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можното намалување на каматните стапки, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

    -До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали трендот на инфлација што го предвидовме во нашата мартовска прогноза останува на сила – рече Лагард во говорот во Франкфурт.

    Таа изјави дека ЕЦБ „ќе знае малку повеќе до април и многу повеќе до јуни“ кога станува збор за потенцијалните намалувања на каматните стапки, пренесува Си-ен-ен.

    Според неа, банката ќе ги оцени сите три критериуми за одлуката за каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на монетарната трансмисија.

    Претседателот на Европската централна банка смета дека трендот на намалување на инфлацијата во еврозоната ќе продолжи и дека таа ќе изнесува 2,3% во 2024 година и ќе падне на два отсто во 2025 година и на 1,9% во 2026 година.

    Денеска централната банка на САД – ФЕД одлучува за тоа дали ќе ги намали каматните стапки. Покрај објавувањето на одлуката за каматната стапка по завршувањето на состанокот ФЕД ќе ги ажурира своите економски проекции како и неофицијалните прогнози за насоката на каматните стапки во следните неколку години.

    Општо чувство е дека креаторите на политиките во ЕУ и САД ќе се држат до нивните неодамнешни пораки, кои нагласуваат трпелив пристап базиран на податоци без брзање да ги намалат стапките додека не има поголема видливост на инфлацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img