More

    Момчето на Сабаленка се самоуби во хотелската соба

    spot_img

    Трагичната смрт на поранешниот белоруски хокеар Константин Колцов, момчето на втората тенисерка на ВТА листата, Арина Сабаленка, денеска ја шокира спортската јавност.

    Според првичните информации Колоцов починал од белодробна тромбо-емболија, но потоа белоруските медиуми излегоа со информации дека тој извршил самоубиство скокајќи од балконот на хотелската соба во Мајами каде ја придружувал Сабаленка пред настапот на турнирот. Спасувачката служба реагирала и го пренеле во болница, но не успеале да го спасат.

     

    По завршувањето на играчката кариера,  Константин Колоцов (43) продолжи како хокеарски тренер. Тој беше помошник тренер во тимот Салавет Јулајев, а требаше да седне на клупата на Динамо Минск од следната сезона.

    Легендарниот хокеар учествуваше на Зимските олимписки игри во 2002 и 2010 година и смени неколку клубови во КХЛ, а играше и за Питсбург пингвинс во НХЛ.

     

    По веста за смртта на Колоцов беше објавена информација дека Сабаленка го откажала настапот, но потоа стигна потврда дека белоруската тенисерка и покрај трагедијата сепак одлучила да настапи на Мастерсот во Мајами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img