More

    Талула првпат ги откри деталите, нејзината борба трае од минатото лето

    spot_img

    Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, Талула Вилис, откри минатиот викенд на социјалните мрежи дека ѝ е дијагностициран аутизам. Нејзиниот татко, славниот холивудски актер, пак, долго време се бори со афазија и фронтотемпорална деменција.

     

    Веста дека ѝ е дијагностициран аутизам ја соопштила на Инстаграм, заедно со видео од премиерата на филмот на Брус Вилис, „The Whole Ten Yards“, во кој глумела кога како 10-годишно девојче.

    „Кажи ми дека си аутистичен без да ми кажеш дека си аутистичен. Ова е всушност првпат јавно да ја споделам мојата дијагноза. За тоа дознав минатото лето и сознанието ми го промени животот“, напишала Талула Вилис.

    Талула претходно зборувала за дисморфијата и нарушувањето во исхраната, како и за нејзината дијагноза АДХД (нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание). Како што изјавила за „Вог“ во 2023 година, таа од 2019 година се борела со анорексијата. На 25-годишна возраст таа била сместена во установа во Малибу, за да се избори со нарушувањето на исхраната и депресијата.

    „Во најголем дел тоа беше терапевтско искуство, за првпат ја победив 15-годишната девојка која не ми одговараше, грдото пајче. Исто така, ми беше дијагностициран АДХД и почнав да земам лекови за стимулирање. За првпат се почувствував паметно, но исто така почнав и да уживам во несаканите ефекти на лековите кои намалуваат апетит“, раскажала Талула истакнувајќи: „Терапевтот за нарушување во исхраната подоцна ми зборуваше: „колку си послаб, толку се чувствуваш поголем“ (со цел да ми го опише начинот на размислување на луѓето кои се во замката на анорексијата). Колку е тоа налудничаво?“.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img