Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа.
– Им снема муниција во Донбас, а сега се повлекуваат кон втората и третата линија на одбраната. Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега – изјави Кирби за Еј-Би-Си Њуз.
Покрај тоа, тој истакна дека САД се загрижени за намалувањето на сопствените резерви на оружје поради испораката на воена помош за Украина.