Картите кои истакнуваат интересни податоци за земјите ширум светот се сѐ попопуларни, а на една таква се прикажани најпопуларните имиња за девојчиња во земјите во Европа во 2023 година. Податоците за мапата биле преземени од веб-страницата „Fatherly“.
Според оваа мапа, кога станува збор за Македонија, најчестото име за девојчиња е Јана.
А, едно од најчестите имиња претставено на картата е Софија. Ова име е најчесто во Србија, Црна Гора, но и во Италија, Русија, Словачка.
Во Хрватска најпопуларно е името Миа, а исто тоа име е застапено и во Швајцарија, како и во Естонија. Во Словенија најзастапеното женско име е Ема, а во Албанија Амелиа.
Во Португалија и Грција најчестото име за девојчиња било Марија, а во Шпанија – Луција. Во Турција тоа е името Зејнеп, а во Велика Британија и Финска – Оливија.
Оваа мапа можете да ја видите ТУКА.
Фото: Pexels/Pixabay