More

    Глодарите им ја изеле конфискуваната марихуана на полицајците

    spot_img

    Стаорци влегле во соба за докази во старо полициско седиште во Њу Орлеанс, САД, па изеле конфискувана марихуана, објави шефот на полицијата во Њу Орлеанс.

    Старите канцеларии на полицискиот оддел во Њу Орлеанс се толку распаднати и преплавени со штетници што стаорците успеале да влезат во собата со докази, според полицајката Ен Киркпатрик.

    – Стаорците ни ја јадат марихуаната, сите се издрогирани. Зградата е валкана над секоја граница. На бироата на полицајците има измет од стаорци, а зградата на одделот, која постои од 1968 година, е преплавена со мувла и со лебарки – им рече таа на членовите на градскиот совет во средата.

    Многумина се релаксирани и еуфорични по консумирањето марихуана, но дали и стаорците чувствуваат слични ефекти како и луѓето?

    – Никогаш досега не сум чул стаорци да јадат марихуана, но според нивната биологија и сличноста со нас, зависно од количината која ќе ја внесат, веројатно имаат слично искуство со тоа на луѓето – вели експертот за истребување штетници Рон Харисон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img