More

    Харис Џиновиќ ги откри деталите за разводот и неверството на сопругата

    spot_img

    Пејачот Харис Џиновиќ уште еднаш отворено проговори за разделбата со сопругата Мелина Џиновиќ, а овој пат, во својата исповед и го потврди пишувањето на српски „Телеграф“ дека неговата поранешна сопруга е во врска со друг маж повеќе од година ипол.

    Иако избегнува да зборува за пропаѓањето на бракот со Мелина, сега повторно се „отворил“ и раскажал нови детали.

    – Таа ме напушти мене, а не јас неа. Таа ги знае причините. Можеби ми беше тешко пред година, година ипол, бидејќи семејството ми се распаѓа – навел тој.

    На прашањето дали има можност за помирување, тој бил краток и конкретен:

    – Сите живееме таму, само госпоѓата се исели по своја волја, па помирување – не, мислам, што знам, вака да го преполовиме лебот, па пак да го составиме, како ќе биде? – рекол Харис за „Уна“.

    Инаку, „Телеграф“ претходно објави за врската на Мелина со друг маж, што бил и мотивот за пропаѓање на бракот.

    Според гласините низ градот и од неколку нејзини блиски луѓе, Мелина веќе година ипол ужива во романса со друг маж, но јавноста ништо не знаеше за тоа.

    Модната дизајнерка се иселила од семејната вила во Сењак и изнајмила стан во луксузниот дел на Нов Белград, каде што сега живее и за кој плаќа кирија.

    Се шпекулираше кој прв побарал развод, а според сознанијата на „Телеграф“, одлуката да се стави точка на бракот ја донела Мелина.

    – Мелина е со тој човек година ипол. Низ градот се знае кој е, но никој поради некоја причина не сака многу да ја шири приказната… Нивната ќерка Џина е доста запознаена со настаните и деталите од животот на нејзината мајка, колку што знам, таа знае за врската на мајка си – објаснил изворот.

    Да потсетиме, Мелина и Харис започнаа врска во 2002 година додека таа студираше, а се венчаа 12 години подоцна. Како што претходно изјави пејачот, тие двајцата се запознале во Сараево, сосема спонтано, а нивната врска започнала од авантура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img