Министерот Шапс доживеа 30-минутна непријатност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се верува дека Русија го попречи сателитскиот сигнал на авионот што го користел министерот за одбрана Грант Шапс за да патува од Полска назад во Британија, пренесе Скај њуз.

Пријавено е дека ГПС сигналот бил попречен околу 30 минути додека авионот летал блиску до руската балтичка ексклава Калининград.

Мобилните телефони повеќе не можеле да се поврзат на интернет и авионот бил принуден да користи алтернативни методи за да ја одреди локацијата.

Шапс денеска спроведува еднодневна посета на источна Европа за да се сретне со британските војницит што учествуваат во вежбата „Стедфаст Дифендер“.

Според Скај њуз, авионот го превезуваше Шапс назад од Полска – тој беше во посета на голема вежба на НАТО таму.

„Одбранбените извори велат дека немало опасност за авионот и пилотите користеле алтернативни методи за навигација“, пишува Скај њуз.

Портпаролот на Даунинг стрит потврди дека авионот „доживеал заглавување на ГПС кога летал блиску до Калининград“. Тoj додал:

– Тоа не ја загрозуваше безбедноста на авионот и не е невообичаено авионите да доживеат заглавување на ГПС сигналот во близина на Калининград, што секако е руска територија.

Share This Article